ЛАНКом Компјутери има потреба од вработување на Инженер за продажба кој би работел во Секторот за продажба и би учествувал во креирањето на нови информатички решенија за нашите коминтенти.
Опис на работнoто место:
– Изготвување на понуди за продажба на опрема и информатички решенија базирани на производната програма на DELL, Oracle како и другите наши партнери и добавувачи
– Креирање на решенија од областа на нформатичката технологија и нивна презентација пред нови и постоечки клиенти
– Постојана комуникација со постоечки клиенти како и креирање на нови купувачи и коминтенти
– Водење грижа за задоволството на постоечките клиентите и нудење на постојана техничка поддршка при набавка на нова опрема и имплементација нови решенија
– Подготовка на извештаи и потребна документација во процесот на продажба и набавка
– Комуникација со странските партнери
– Извршување на други активности кои се тесно поврзани со работата
Квалификации:
– Завршен факултет од областа на компјутерска техника, информатичка технологија или сродна област
– Познавање на хардверски и мрежни компоненти
– Познавање на оперативните системи
– Познавање на виртуелни околини
– Активно познавање и користење на Англиски Јазик
– Возачка дозвола од Б категорија
Работно искуство
– Без работно искуство или со работно искуство во делот на продажба на компјутерска опрема
Професионални знаења и способности
– Способност за креативна и ефективна продажба на информатичка опрема, софтвер и комплексни технички решенија
– Развиени комуникациски и презентациски вештини
– Солидни технички познавања и висок степен на ИТ компетентност
– Самоиницијатива и флексибилност
– Способност за тимска работа и мотивираност
– Способност за учење на нови технологии
Сертификати: