ЛАНКом Компјутери има потреба од вработување на Инженер за продажба кој би работел во Секторот за продажба и би учествувал во креирањето на нови информатички решенија за нашите коминтенти.

Опис на работнoто место:

– Изготвување на понуди за продажба на опрема и информатички решенија базирани на производната програма на DELL, Oracle како и другите наши партнери и добавувачи
– Креирање на решенија од областа на нформатичката технологија и нивна презентација пред нови и постоечки клиенти
– Постојана комуникација со постоечки клиенти како и креирање на нови купувачи и коминтенти
– Водење грижа за задоволството на постоечките клиентите и нудење на постојана техничка поддршка при набавка на нова опрема и имплементација нови решенија
– Подготовка на извештаи и потребна документација во процесот на продажба и набавка
– Комуникација со странските партнери
– Извршување на други активности кои се тесно поврзани со работата

Квалификации:

– Завршен факултет од областа на компјутерска техника, информатичка технологија или сродна област

– Познавање на хардверски и мрежни компоненти

– Познавање на оперативните системи

– Познавање на виртуелни околини

– Активно познавање и користење на Англиски Јазик

– Возачка дозвола од Б категорија

Работно искуство

– Без работно искуство или со работно искуство во делот на продажба на компјутерска опрема

Професионални знаења и способности

– Способност за креативна и ефективна продажба на информатичка опрема, софтвер и комплексни технички решенија

– Развиени комуникациски и презентациски вештини

– Солидни технички познавања и висок степен на ИТ компетентност

– Самоиницијатива и флексибилност

– Способност за тимска работа и мотивираност

– Способност за учење на нови технологии

Сертификати:

 

Предност имаат кандидати со постоечки сертификати од областа на компјутерските технологии.

ЛАНКом Компјутери нуди стимулативна средина, тренинг и можност за професионално усовршување во рамките на компанијата.


Сите кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите кратки биографии можат да ги испратат на  konkurs@lancom.com.mk.


Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.
Дискрецијата на сите апликанти е строго загарантирана.