ЛАНКом Компјутери има потреба од вработување на сервисер на компјутерска опрема

Опис на работнoто место:

• Сервисирање, поправка и техничка подршка на клиентска опрема (лаптопи компјутери, монитори)
• Сервисирање, поправка и техничка подршка на серверска и мрежна опрема
• Инсталација, конфигурирање и работа со оперативни системи
• Водење грижа за задоволството на клиентите и нудење на постојана техничка поддршка на истите;
• Комуникација со странски партнери;
• Подготовка на извештаи и техничка документација;
• Извршување на други активности кои се тесно поврзани со работата;

Квалификации:

• Завршен Средно, Вишо или Високо образовани од областа на информатички науки и компјутерско инжинерство
• Познавање на хардверски компоненти и сервисирање на истите;
• Познавање на оперативните системи, Windows, Linux;
• Познавање на виртуелни околини;
• Активно познавање и користење на Англиски Јазик;
• Возачка дозвола од Б категорија;

Работно искуство

Со работно искуство како сервисер или без работно искуство

Професионални знаења и способности

  • Солидни течнички познавања и висок степен на ИТ компетентност;

  • Самоиницијатива и флексибилност:

  • Развиени комуникациски и презентациски вештини;

  • Способност за тимска работа и мотивираност:

  • Способност за учење на нови технологии;

Сертификати:

 

Предност имаат кандидати со постоечки сертификати од областа на компјутерските технологии.

ЛАНКом Компјутери нуди стимулативна средина, тренинг и можност за професионално усовршување во рамките на компанијата.


Сите кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите кратки биографии можат да ги испратат на  konkurs@lancom.com.mk.


Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.
Дискрецијата на сите апликанти е строго загарантирана.